Мицкоски: Ви ветивме победа и имаме победа!

Сподели:

“Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности. Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера, непосредно по првичните разултати добиени од ДИК, по пребројувањето на гласачките ливчиња.

“Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство, со поглед право во очи, со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа. И вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба. Не заради нас, туку заради себе. Поради своите семејства. Поради својата иднина. Поради Македонија!

Воедно овие избори се и порака за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден. Ова што е најважно е што на овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени. А се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но далеку поконцетрирана и покапацитетна од оваа којашто збори за орли и за зајци. 

Во вториот круг нема место за калкулации. За поделби. За суети. Во следните две недели ќе одиме од човек до човек. Од куќа до куќа. Не за да убедуваме, туку за да потсетуваме. Оваа држава е наша. Никој нема право повторно да ја врати назад. Промената што ја донесовме мора да се потврди. За Македонија конечно да застане на нозе. Да ја потврдиме промената. Да ја заокружиме победата.”

Сподели: