Алтернатива Скопје Чита

ДИЛЕМА – ЈОВИЦА ИВАНОВСКИ

Сподели:

10342505_10154735265122699_1722278927981040649_n-1

ДИЛЕМА

Умеевме да немаме ништо
(скроени да бидеме скромни).
Да се шверцаме во бус,
да гребеме цигари.
Можевме да „позајмиме“ книга
гледајќи му в очи на издавачот.
Да носиме 20 плочи под мишка.
Се заборчувавме кај Јоле зашто
Џевад и Ружди ни веруваа.
Копнеевме, затоа што
немавме некој голем избор.
Верувавме (или насетувавме)
дека овде, таму, некаде,
нè чека подобар свет.
Гледам сега од оваа (не баш
мала) временска дистанца,
и сè уште не ми е јасно:
теравме така зашто тоа
беа подобри времиња,
или само затоа што
бевме млади?

Сподели: