Димитров: Долниот дом на Шпанија го ратификуваше протоколот за НАТО

Сподели

 

Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ‘за’ и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот…“, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот фб профил.