Димитров: ЕУ погледна кон Балканот – тоа внимание мора да се зграпчи и еднаш засекогаш

Сподели

-“Кога судиме за овој договор мора да го имаме предвид контекстот. Додека седевме во чекалната ги испуштавме возовите кога постоеше силен ентузијазам за ЕУ проширување. После долго време ЕУ погледна кон Балканот. И тоа внимание мора да се зграпчи и еднаш засекогаш Македонија да се извлече од процепите на несигурност кои сè уште виреат во нашиот Регион….По една генерација чекање, од исклучителна важност е да препознаеме дека вратата е отворена. Исто е важно е гордо и со исправена глава да поминеме низ неа. И наместо да наоѓаме замерки за тоа дали кваката е доволно блескава, верувам дека ќе надвладее традиционалната мудрост на нашите граѓани.”

Изјави, Никола Димитров, Од обраќањето во МАНУ