Вести Изјави Македонија Ударни вести

Димитров: Kлучно за нон-пејперот е што се работи за процес што има крајна цел – членство!

Сподели:

 

“Нон-пејперот на Франција за новата методологија на преговарање се уште е предмет на подетални анализи. За нас е мудро, не само директно толку кон овој нон-пејпер, туку како општи принципи е клучно и немаме што да изгубиме ако има повеќе стриктност во процесот. Исто така е клучно, и тоа е наведено во овој нон-пејпер, што се работи за процес што има крајна цел – членство. Тоа е повторено на неколку места во нон-пејперот. Ние би сакале да имаме услови за рамноправен натпревар со сите земји од нашиот регион од Западниот Балкан и мислам дека е важно процесот на пристапување, каков и да биде, да овозможи една олимпијада на реформи”, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Сподели: