Дескоска: Ако нема квалитетен закон за ЈО, подобро е да не се донесе

Сподели

 

“Законот за јавно обвинителство не наиде на согласност на соодветни решенија. Со оглед на тоа што веќе е обезбеден трансферот на предметите на СЈО, беспредметно е носење на закон за јавно обвинителство којшто би бил со полош квалитет од постојниот, така што тоа го разговаравме и на денешната средба со комесарката Јурова разговаравме за таа тема, и ги објаснив аргументите, изјави Дескоска на маргините на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ, што се одржува денеска и утре во Скопје. Мислам дека сите сме согласни, истакна Дескоска, дека сите што се експертска јавност и оние коишто се залагаат за градење на соодветен правен систем дека законот за јавно обвинителство не треба да го гледаме само како заокружена обврска, туку таа обврска треба да биде и квалитетно завршена. Ако немаме согласност за квалитетен закон подобро е да не се носи отколку да се носи закон само заради закон” – изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Изјави, Рената Дескоска