ДИМИТРОВ: Македонските државјани кои имаат регулиран престој во земјите каде што се, да не се враќаат дома

Сподели

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната прес-конференција даде изјава со апел до граѓаните, државјани на РС Македонија да не патуваат надвор од државата, и апелираше до македонските државјани кои живеат во странство а имаат регулиран престој во трети држави исто така да не доаѓаат во земјава.

„Немојте да патувате. Утре секој што ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе се може да се врати во земјава. Од ден на ден се затвораат аеродроми и гранични премини. Апелирам до македонските државјани кои имаат регулиран престој во земјите каде што се, да не се враќаат дома. Приоритет ни се оние кои немаат регулиран статус и се затечени во странска земја, на граница или аеродром. На такви случаи работиме во моментов во Њујорк, Загреб и Виена“, апелираше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.