Се затвора меѓународниот аеродром во Скопје и сите гранични премини

Сподели

 

На вечерашната прес-конференција, министерот за здравство Филипче изјави дека во клиниката Жан Митрев на две самопријавени лица со симптоми на грип, им биле земени материјали, но ние тие брисови утре ќе ги утврдиме ради усогласување и униифицирање на методата во лабораторијата на Клиниката.

Владата вечерва донесе и уште некои нови мерки, да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани, освен за транзит на товарни возила и за патниците од дипоматскиот кор, кои ќе влегуваат по посебен протокол издаден од министерството за внатрешни работи и министерството за здравство.

Се затвора меѓународниот аеродром во Скопје, освен за воено карго медицински, хуманитарни летови. Оваа одлука на Владата стапува на сила во рок од 48 часа од нејзиното донесување.