Вести Изјави Топ теми Ударни вести

Димитров: Ние дома да се договориме да туркаме сите напред

Сподели:

Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината, а не минатото. Тоа ќе биде судир меѓу надежта и стравот, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи во неделното интервју за РСЕ.

” Мислам дека главната тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја. Како до подобар живот за нашите граѓани, како да не се мислиме што ќе биде со нас, дали ќе не биде и тука ќе се судрат двата наративи, едниот на надежта и другиот на стравот. Јас мислам се работи за последни денови овој процес на широки консултации околу кандидати за претседател е при крај. Има консултации со граѓаните преку анкетите, преку фокус групи, консултација со политичките играчи, партиите во коалицијата, вон коалицијата. Мислам дека има многу квалитетни луѓе, бидејќи многу е важно владата во идниот претседател да има принципиелен партнер за да го фатиме патот и да ги искористиме овие години пред нас коишто можат да бидат златни години, бидејќи искуството на другите земји коишто влегле во НАТО и зачекориле кон ЕУ, покажуваат дека тие години се годините на вистински промени, на економски развој. Ние дома да се договориме да туркаме сите напред, да не биде дел да туркаме напред, дел да влечеме назад. “

Изјави, Никола Димитров

Сподели: