Вести Изјави Македонија

Димитров: Успешните приказни се ретки во Европа. Признајте го нашиот успех!

Сподели:

 

Во колумна за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, шефот на македонската дипломатија Димитров пред германската јавност го изложува македонскиот случај и објаснува зошто земјата заслужува да започне преговори со ЕУ.

“Успешните приказни се ретки во Европа. Ние немаме луксуз да ги игнорираме. ЕУ сега има одлична можност да ги зајакне својата потпора и својот кредибилитет. Позитивна одлука за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија ќе испрати сигнал дека ЕУ наградува храбри, решителни и тешки чекори кон помирување и напредок. Во спротивно, ЕУ ќе испрати сигнал на слабост кон Балканот. Дополнително, отфрлањето од ЕУ ќе ја наруши веродостојноста на проевропските сили во Северна Македонија и во целиот регион.
Националистичките, популистичките и авторитарните тенденции ќе зајакнат. Тоа би било обесхрабрувачко и за оние кои се обидуваат да ги решат другите билатерални конфликти во регионот“, пишува Димитров.

Никола Димитров за Франкфуртер алгемајне цајтунг, во целост текстот прочитајте го тука.

Сподели: