Директорот на Клиничка болница Битола поднесе оставка

Сподели

 

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, Министерството за здравство информира дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.
 
Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче.
 
Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.
 
Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.