Дисциплинска против вработен во МВР за објава на ФБ за нападите на Хамас врз Израел

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук, во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.

Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен.

Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ.

Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир, се наведува во денешното соопштение на МВР.