ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 14 до 22 степени.

 

 

Под влијание на нов влажен бран од утре до сабота ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и температурата ќе биде за неколку степени пониска.