Во петок започнува 5. издание на Музичкиот Фестивал Андерфест Скопје

Сподели

 

Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13-ти октомври, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

На овој ЈУБИЛЕЈ публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк рок, метал, хардкор сцената од нашата држава која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292