ДИЖС: Како да пријавиш загадување во 2 чекора?

Сподели

 

Отсега граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за животна средина електронски и едноставно, што значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите.
 
 
Пријавувањето е со испраќање порака преку: Facebook страницата на
Државен инспекторат за животна средина, Е-адресата prijavi@sei.gov.mk;  Веб-страницата www.sei.gov.mk;  Преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk;
 
 
 
 
Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.
 
 
 
 
Пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали стигнуваат на едно место, за да можат поефикасно да се распределат до надлежните инспектори, полесно да се следат случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и да им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.
 
 
 
 
Платформата за пријавување за загадување ја подобрува соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните, овозможува подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и обезбедува поголем увид во работењето на инспекторите на терен.
Платформата е изработена во соработка со Институт За Комуникациски Студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.