Вести Македонија Ударни вести

Заев поднесе оставка од функцијата пратеник а Собранието ја констатира оставката

Сподели:

 

Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев си поднесе оставка од пратеничката функција која Собранието попладнево ја констатира. По добивањето на уверението од ДИК, седницата ќе продолжи со верификација на мандатот на новиот пратеник.

Се очекува оставки да поднесат и други пратеници кои треба да заминат на нови функции во извршната власт. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

МИА

Сподели: