ЗАЕВ: Гласачите испратија порака до власта, а не поддршка за опозицијата

Сподели

-“Зошто еден дел од гласачите одлучија да апстинираат, а се гласачи поддржувачи на 31 партија и на концептот на Стево Пендаровски? Одлучија преку седење дома да испратат порака на незадоволство кон власта, оти тие ако се откажале од нашата поддршка ќе ги дадеа своите гласови за опозицијата, односно за кандидатот Сиљановска Давкова. Како што гледате и Мицковски со своите политики е делегитимиран затоа што има пад со повеќе од 10% од вкупниот број на гласовите од последните избори и не акумулира дополнителен број на гласови, а нашите разочарани гласачи дефинитивно ја испратија пораката која излегува како врв на таа анализа, а тоа е дека се разочарани од одредени функциониери, од одредени политики кои мора да бидат коригирани и во делот на политиките и во делот на функционерите, односно не така одговорно, често и достоинствено сите им служат на своите граѓани.”

Изјави, Зоран Заев