Вести Македонија Ударни вести

Османи – Симовски: Пописот е обврска и должност за сите граѓани

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари работна средба со Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски и заменик директорот, Илми Селами. Средбата беше во насока на меѓуинституционална координација со цел непречено организирање на претстојниот пописот, на која беа отворени сите прашања за начинот и постапката на која што ќе се попишува нерезидентното население.

Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, покрај државјаните на земјата кои се присутни во државата за време на пописот, ќе се попишуваат и државјаните кои се нерезидентни граѓани, односно оние кои во периодот на пописот се надвор од земјата. Во оаа насока Министерството за надворешни работи ќе биде активен чинител во оваа најобемна статистичка операција, и согласно своите надлежности.

„Сите ние, без исклучок, имаме обврска овој процес да го реализираме ефикасно и најодговорно, согласно нашите надлежности. Демократските општества не можат да функционираат правилно без солидна база на сигурна и објективна статистика. Пописот гарантира демократска, правична и одржлива политика која произлегува од граѓаните и наменета за граѓаните“, истакна Османи, дополнувајќи дека капацитетите на целото министерство и дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат ставени во функција за спроведување на успешна пописна операција за нерезидентното население.

Сподели: