Вести Македонија Топ теми Ударни вести

„До атентатот и по него“ – книга на Стојан Андов која ја шокира јавноста – Фрчкоски возвраќа

Сподели:

„До атентатот и по него“ е новата мемоарска книга во две продолжинија на Стојан Андов.

Во книгата авторот Стојан Андов директно посочува на Љубомир Фрчкоски, тогашен министер за внатрешни работи, како можен организатор на атентатот.

Во врска со овие нови наводи, се огласи Љубомир Фрчкоски, со своја колумна “Шушумига” на порталот Либертас., во која Фрчкоски пишува:

-“Не ми е јасно, драги мои, навистина и покрај сериозен напор во согледба на човечките падови, кризи на возраста и на потсвесните его-трипови – да раберам како успеваат старите политичари пишувајќи мемоари да направат будали од себе? Стојан посветил книгаипол на мојата дребност, еднаш како разнебитување на „моите обиди“(??)наслована „Обидите на Љубомир Фрчкоски“ а потоа попат, но отровно во томот за атентатот на Глигоров и по него.

Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации. Во таа смисла е тоа монструозен безобѕирен гест независно каква амбиција стои зад тоа. Андов вели дека Киро на некој состанок му рекол дека него го спрема за свој наследник…и само тој можел да ја чува Македонија (бре Стојане, бре стопане селски…. која е оваа приказна??” – пишува Фрчкоски во неговата колумна.

 

Сподели: