Вести Македонија Топ теми Ударни вести

400 евра казна за македонскиот државјанин што го навреди Ердоган на „Фејсбук“

Сподели:

Кривичниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А. поради навреда на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“, јавува турската новинска агенција „Анадолу“.

Судот го осудил Е.А., кој има македонско и турско државјанство, на парична казна од 24.600 денари (400 евра), во процесот што беше отворен по кривична пријава од амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара, кон крајот на минатата година.

Во одлуката на судот било наведено дека обвинетиот во номеври 2016 година, преку својот Фејсбук-профил „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Доколу не ја плати паричната казна, Е.А. ќе мора да одлежи затворска казна.

Инаку, според членот 181 од Кривичниот законик на Македонија, предвидена е парична казна за „тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзино знаме, грб или химна или шеф на држава или дипломатски претставник“.

Сподели: