Алтернатива Настани Ударни вести

Доделена Нобелова награда за медицина, за откритието „телесен часовник“

Сподели:

Денес беше доделена Нобелова награда за физиологија или медицина на тројца американски научници за нивната работа на „24-часовен телесен часовник“, јавува Anadolu Agency (AA).

Џефри К. Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В. Јанг беа наградени за откритија кои објаснуваат како растенијата, животните и луѓето го приспособуваат својот биолошки ритам, така што тој е синхронизиран со револуциите на Земјата.

„Нобеловото собрание на Институтот Каролинска денес одлучи Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2017 година да биде доделена на тројца американски научници за нивните откритија за тоа како молекуларните механизми го контролираат цикардијалниот ритам“, се вели во соопштението.

Користејќи ги овошните мушички, тројцата научници успеаја да го пронајдат генот што го контролира нормалниот дневен биолошки ритам. Тие покажаа дека овој ген енкодира протеин што се акумулира во клетките во текот на ноќта, а потоа се деградира во текот на денот“.

„Сега прeпознаваме дека биолошкиот часовник функционира според истите принципи во клетките на другите повеќеклеточни микроорганизми, вклучувајќи ги и луѓето“, се додава во соопштението.

Парите од наградата вредна 8 милиони шведски круни (речиси 979.000 долари) ќе биде поделена меѓу нобеловците.

Џефри К. Хол (72) го помина најголемиот дел од својата кариера на Универзитетот „Брандејс“ во Масачусетс, каде што Мајкл Росбаш е член на академскиот персонал.

Мајкл В. Јанг (68) е член на академскиот персонал на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк.

Нобеловата награда ќе биде доделена на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, кој ја заснова фондацијата во 1895 година.

Сподели: