Доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024

Сподели

Во просториите на ДПМ утре свечено ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 година.

Добитници на наградите се: Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“ во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисијата: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски); Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“ во издание на „Дијалог“ (награда „Ацо Шопов“, членови на жири-комисијата: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ); Иван Антоновски, за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на жири-комисијата: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова); Наташа Аврамовска, за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на жири-комисијата: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски);  Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве (награда „Мост“, членови на жири-комисијата: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин).

Настанот со кој Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето основање ќе биде збогатен со настап на „Добрила и Дориан дует“.