Дојава за поставени бомби во 6 скопски училишта

Сподели

 

Денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.