Вести Македонија

„Дојче веле“: Се стега обрачот околу политичките емисари во судството

Сподели:

ustaven-sud-3-860x680 (1)

Постојат докази за лица од судството кои по налог од судии спроведувале политички нарачки со цел да заштитат осомничени од предметите на Специјалното јавно обвинителство, јавува денеска македонскиот сервис на „Дојче веле“, повикувајќи се на судски извори.

„Дојче веле“ јавува дека наскоро ќе бидат обелодените докази за притисоци врз судии и инструкции како да постапуваат по барањата на Специјалното јавно обвинителство. Меѓу доказите има и писмени инструкции, како треба да гласат судските одлуки. Со овие докази, како што се наведува во написот, ќе се обелодени кој и како ја опструирал работата на судот и како го компромитирал.

„Не мора да сте судија, за да знаете што се случува во однос на некои предмети, a во кои се инволвирани звучни имиња. Некои одлуки целосно ги демаскираат состојбите и навестуваат ‘од каде дувал ветрот’. Но, не ќе може до бесконечност да се вршат такви влијанија. Веројатно, ова се последните грчевити обиди за нечија заштита и за купување време, односно пролонгирање на состојбите“, велат во судски кругови за „Дојче веле“ и додаваат дека немаат дилема по прашањето од која „адреса“ во Судот доаѓаат налозите и притисоците.

http://meta.mk/dojche-vele-se-stega-obrachot-okolu-politichkite-emisari-vo-sudstvoto/

Сподели: