Спорт

Со пресврт, одбојкарите ја совладаа Албанија, вечерва на мегдан со Данска!

Сподели:

Македонската одбојкарска репрезентација го започна вториот турнир од Европската лига со пресврт победи против Албанија со 3-2 во ВИП Арената Борис Трајковски.

македонија-албанија

Совладана е во тежок меч селекцијата на Албанија со 3-2 по сетови (23-25, 25-23, 20-24, 25-17, 15-10) и по поразот на Данска од Бугарија со 3-1 практично нашите одбојкари се на завршниот фајнал фор турнир што ќе се одржи во Варна на стартот на следниот месец јули.

Македонија е прва во групата со скор 4-0, пред Бугарија која има скор 3-1, Данска со 1-3, а Албанија е последна со 0-4.

македонија-албанија1

Денеска во ВИП Арената Борис Трајковски се играат дуелите од 2.коло: Бугарија-Албанија од 17 часот и Македонија-Данска од 19:30 часот.

The post Со пресврт, одбојкарите ја совладаа Албанија, вечерва на мегдан со Данска! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: