Откриена спомен кулата на УЧК во Слупчане

Сподели

 

Вчера во Слупчане беше подигнат споменикот во чест на војската на ОНА. Висок е 20 метри, а е поставен кај комплексот на паднатите борци во Слупчане, каде почиваат паднатите борци во војната во 2001.

Столчињата на кои седеа гостите беа испрскани со црвена боја која ја симболизираше крвта на загинатите борци на УЧК, а имаше оставено и по еден цвет.

 

 

Ахмети на отворањето истакна дека ОНА е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.

„Не може да има историја оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на отворањето на Спомен кулата во чест на борците на УЧК во Слупчане.

Спомен-кулата во Слупчане чини 200 милиони евра општински пари. Висока е 20 метри.

Изградбата на спомен-кулата предизвика повеќе дилеми поврзани со нејзината законитост. Градоначалникот на општината тврди дека има дозвола за градба, но Министерството за транспорт и врски негираше дека била побарана дозвола од нив. Министерството за култура се огради наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.

“Подигнувањето на овој споменик не ја почитува процедурата на Законот. Собранието воопшто не го ставило во програмата за прославување на познати личности и настани, којашто е петгодишна програма. Врз основа на таа програма, којашто ја носи Собранието, морало да донесе поединечна одлука за издигање, за подигнување меморијален споменик. И тука би спаѓал токму овој споменик што е именуван како Споменик на жртвите на ОНА. Врз основа на таа одлука би бил формиран одбор што ќе ја следи процедурата од почеток до крај“, вели проф. д-р Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство.

Втори мај е датумот на кој во 2001 година ОНА го прогласи Липково за слободна територија.