ДОМ: Еколошка победа – Рудник во Иловица нема да има!

Сподели

 

 

 

 

Зелената партија ДОМ ја поздравува синоќешната одлука на Владата за едностраното раскинување на Договорот за концесија за рудникот на бакар и злато во Иловица, Општина Босилово.

Ова е голема еколошка победа како резултат на чесната борба на Зелената партија ДОМ и на граѓанските активисти против отворањето на рудниците во Казандол и Иловица, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Ваквата одлука на Владата ја сметаме и како резултат на нституционалната борба на ДОМ, како еден од иницијаторите за донесување на измените на законот за минерални суровини, подготвени од пратеничките, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, со кои се забранува употребата на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп – се наведува во соопштението на ДОМ.