Донација од Хрватска 10.000 вакцини и 20.000 вакцини во периодот што следува

Сподели

 

“Пријателството со соседите не препознава граници”. На денешната средба министрите Венко Филипче и Гордан Грлиќ Радман, ја испратија оваа порака до граѓаните.
 
 
 
Покрај пречекот на хрватскиот министер за надворешни работи на вчерашниот форум во Охрид, денеска беше организирана средба во кабинетот на министерот за здравство на Република Северна Македонија, д-р Венко Филипче.
 
Поводот за средбата се донациите на вакцини што пристигнаа во нашата држава станува збор за 10.000 вакцини од производителот Астра Зенека а според најавите од Владата на Република Хрватска во знак на пријателство во најскоро време ќе пристигнат и дополнително 20.000 дози на вакцини.
 
-Непосреден повод за нашата средба беше еден убав навистина пријателски чин, а тоа е донацијата на вакцини од страна на Република Хрватска кои веќе стигнаа во нашата земја, 10.000 вакцини на Астра Зенека во текот на вчерашниот ден и кои веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата. Хрватската Влада донесе уште една одлука, да донира дополнителни 20.000 вакцини кои ќе бидат или од производителот Астра Зенека или од производителот Модерна, што би било и прва вакцина која ќе пристигне од овој прозиводител во нашата земја. Разговаравме за епидемиолошката ситуација, за мерките, споделивме некои искуства, предвидувања и планови за идниот период којшто е пред нас – кажа министерот Филипче.
 
Во изминатиот период пристигнаа значајни количини на вакцини и во овој момент во нашата држава има доволно вакцини за спроведување на процесот на имунизација. Во периодот што следува ќе добиеме и дополнителни дози, а од средина на месецот ќе започне да се спроведува и теренска имунизација. Со сите чекори преземени, се очекува и да се зголеми заинтересираноста помеѓу граѓаните. Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, посочи дека нивната Влада е подготвена за поддршка на нашата замја за процесот во борбата со Ковид 19 да биде поуспешен.
 
 
 
 

Со денешната донација од 10.000 вакцини, Република Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за да целиот процес во борбата против корона вирусот биде што е можно поуспешен. Нашиот ангажман овде не завршува, со посебно задоволство ве известувам дека вчера Владата на Република Хрватска на седницата донесе одлука за дополнителни 20.000 вакцини кои ќе бидат донирани на Република Северна Македонија. Оваа одлука е донесена со цел постепено сукцесивно отворање на границите и секако солидното здравје на нашите граѓани. Ефикасното спроведување на вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата.- изјави хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.