Вести Македонија Топ теми Ударни вести

ДПИ апелира трговците да ги почитуваат замрзнатите цени или ќе следуваат високи казни

Сподели:

 

Владата донесе Одлуки за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023) со кои се опфатени:

  • тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%.
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • урда;
  • кравјo бело сирење и мешано бело сирење; –
  • кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
  • кисело млеко; 
  • павлака и
  • јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат Одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи!

Државниот пазарен инспекторат апелира, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во ДПИ!

Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Веднаш по стапувањето во сила на овие Одлуки, пазарниот инспекторат, ќе излезе на терен и ќе постапува.

Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по Одлуките на Владата.

Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности.

Сподели: