Фестивалот на класична и експериментална музика “Магична флејта” се одржува во Тирана, во месец јуни.
Овој пат, на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, настапија “Трио Академико” и “Македонски дувачки квартет”, секој со половина час своја програма.

Последниот дел од концертот, македонските и албански класични музичари, заедно изведоа две нови дела од прекрасниот албански композитор Фатос Керимај.

Минатата година на истиот фестивал се претстави нашата млада и талентирана пијанистка, Ивана Мазнејкова.


