ДПМНЕ одби клучни амандмани за измените на Законот за животна средина

Сподели:

Откако ДПМНЕ го одби барањето на Левица за повлекување од дневен ред на катастрофалниот Закон за животната средина, на седницата на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање беа одбиени клучните амандмани на Левица за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните! – реагираат од Левица

ДПМНЕ одби да се задржи забраната за РЕКОНСТРУКЦИЈА на тешка и загадувачка индустрија на помалку од пет километри од населени места и заштитени природни подрачја! Со одбивањето на амандманот за бришење на членот 2 од Предлог-законот, власта остава простор постојните индустриски капацитети да се доградуваат, прошируваат и преправаат под превезот на „реконструкција“, и покрај опасноста што ја претставуваат за здравјето на населението.

Screenshot

Левица поднесе амандмани со кои бараше да се задржи забраната за реконструкција на Г1-инсталации на растојание помало од пет километри од населени места и заштитени природни подрачја, да се гарантира учеството на јавноста при одобрувањето на елаборатите за животната средина, со право на јавен увид, доставување забелешки и жалба против одлуките, да не се скратува рокот за жалба од 15 на осум дена, со што на граѓаните и еколошките организации им се отежнува оспорувањето на штетни проекти, да се овозможат суштински јавни консултации за студиите за оцена на влијанието врз животната средина, со соодветни рокови и задолжително вклучување на надлежните институции, без нивното молчење да се третира како согласност, да се проценуваат кумулативните влијанија на новите проекти заедно со постојните и планираните капацитети, наместо загадувањето и притисокот врз екосистемите да се разгледуваат изолирано и јавноста навремено да се информира за проектите што ја засегаат животната средина, вклучително и преку официјалните профили на институциите на социјалните мрежи.

Единствено беше прифатен амандманот на Левица за бришење на членот 13 од Предлог-законот, со што се спречи укинувањето на законската рамка за санација на еколошките жешки точки.

Според Левица, за ДПМНЕ профитот е пред здравјето на народот.

Сподели: