Вести Свет Ударни вести

Драч го погоди земјотрес од 5 степени по Рихтер

Сподели:

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со мерни станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, вечера во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил од 5 степени по Рихтер, додека во западните делови на Македонија, особено во Дебар и околината  интензитетот вил од 3 до 4 степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата.

Сподели: