Новинарите за КЛАН ТВ: Слободата на говорот е подобра во споредба со минатото

Сподели

Новинарите во емисијата КЛАН дебата со Љубиша Николовски им порачаа на политичарите да внимаваат како се однесуваат во изборната кампања и да им овозможат на медиумските работници професионално да ги извршуваат своите работни задачи, без говор на омраза. 10 милиони евра државни пари ќе потрошат партиите за да ги пласираат своите политички пораки , соопшти Чадиковски во вчерашната емисија КЛАН дебата.

“Мислам дека во таква ситуација треба да си стават прст на чело и да се преиспитаат какви пораки ќе упатуваат. Сега ќе гледаме цел ден пораки. Не можеш да ставиш список на желби а да не кажеш од каде тоа ќе се обезбеди и колкав ќе биде буџетот,” рече претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Говорејќи за  заштитата и безбедноста на новинарите, Чадиковски укажа дека власта направила крупни промени на два клучни закони со цел да се подобри состојбата на медиумските работници, а тоа се измените во Кривичниот закон со кои нападот врз новинар се смета како напад на службено лице и намалување на казните за десет пати за клевета и навреда.

Колумнистот Никола Тасев смета дека во иднина мора да се направат измени на Изборниот законик и да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР кога станува збор за финансирањето на изборните кампањи.Но, и доколку тоа се случи, според  него, треба  да има механизми да не се како што вели ,,влеат црни пари во партиите‘’од спонзори за кампањите.

Новинарот Столе Наумов порача  дека државата ќе мора да воведе регулатива за порталите со што би се одбегнало пласирањето и ширењето на лажните вести а некој  ќе треба да  сноси одговорност.

Бојаровски во емисијата Клан дебата рече дека иселувањето е најголем проблем на државата но 600 000 граѓани според него си заминале во перидот од 2008 до 2016 година.

“Тогаш си отидоа луѓето од државата. Трендот започна во времето на режимот на Никола Груевски.Во последните години имаше 800 милиони евра инвестиции.Тоа е рекорд кој не е запаметен. Трикратно е зголемена социјалната помош. Направени се сериозни реформи. Во овие 4 години се справувавме со три големи кризи, економската, енергетската и ковидот.Тоа не смее ниту да се потцени, ниту да се заборави”, потенцира Бојаровски.