Во рамките на одбележувањето на 80 години Драмски театар Скопје, вечерва, на 16 јуни со почеток од 21 часот, во амфитеатарот позади Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе се изведе комедијата „Чудесна терапија“, претстава што со хумор, остри реплики и многу препознавање нè потсетува дека понекогаш најтешкиот натпревар е оној што се игра дома.
„Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф е Раде Василев.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Стамболџиоска.
Влезот е бесплатен.


