Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Државна награда “11 Октомври” за Чепреганов, Ахмети, Османли и Јанкуловски

Сподели:

 

Денеска, на 11 октомври, во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2022 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му се врачи на невропсихијатарот, проф.д-р Методи Чепреганов, додека во областа на културата и уметноста на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Сподели: