Државна награда „Св. Климент Охридски“ Ѓоргоски, Aчкоска, Пајазити и Шумковски

Сподели:

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот, на  својата  седница одржана на 28.10.2026 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

Во областа на воспитанието и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Ицко Ѓоргоски, биолог; проф. д-р Виолета Ачкоска, историчар и проф. д-р Али Пајазити, универзитетски професор.

Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на проф. м-р Јован Шумковски, ликовен уметник.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2026 година, во 11 часот, во Свечената сала на Собранието на РС Македонија.

Сподели: