Левица влегува во правна војна со лихварството: Забрана за рекламирање на брзи кредити

Сподели:

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција го најави почетокот на правната војна против лихварските практики на финансиските друштва, со поднесување на четири законски измени за забрана на рекламирањето на брзите кредити.

Апасиев посочи дека од 14.000 активни договори за кредит во 2015 година, бројката во првото полугодие од 2026 година надминала 260.000, што значи дека секој четврти возрасен граѓанин е задолжен со брз кредит!

Како еден од клучните проблеми го посочи агресивниот и доведувачки во заблуда маркетинг на финансиските друштва, кои со рекламите за „пари во кеш за пет минути“, „само со лична карта“ и „без камати“ ги мамат граѓаните, особено најранливите категории, вовлекувајќи ги во маѓепсан должнички круг.

-Ова е само првата фаза од законодавната офанзива на Левица. Во следните фази ќе следуваат измени за спречување на вознемирувањето и вонсистемската присилна наплата на долговите, забрана на скриените трошоци и префрлање на надзорот врз финансиските друштва под ингеренции на Народната банка, со крајна цел нивна целосна забрана! – изјави Димитар Апасиев.

Сподели: