Државниот ансамбл на албански народни ора и песни на покана на властите од областа Акаба, гостува во Кралството Јордан.
Со настапите на државниот ансамбл во Јордан, за прв пат беше претставена албанската играорна, вокална и вокално-инструментална фолклорна уметност.
Настапот на Државниот ансамбл на албански народни ора и песни во Акаба се реализира со поддршка на Министерството за култура на Кралството Јордан.
