Државниот архив на Саемот на книгата со над 40 изданија и две промоции

Сподели:

Од утре Државниот архив на Македонија ќе биде присутен на Саемот на книгата со повеќе од 40 изданија што ја претставуваат нашата богата историја и културна меморија.

Во рамки на саемот ќе се одржат две промоции:

На 23 април промоција на „Османлиски документи за историјата на Македонија“ од автор доц. д-р Аднан Шериф, и

На 26 април промоција на Јубилејна публикација „Државен архив – Столб на македонското битие“ од автор доц. д-р Бранислав Светозаревиќ.

Сподели: