Државниот врв на божиќен прием кај г.г. Стефан

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан. На божиќната трпеза присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево Пендаровски и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19 и затоа беше без присуство на медиуми.

 

 

На приемот, претседателот Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во Република Северна Македонија, заедно посакаа во новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискит пат на Република Северна Македонија.