ДС: Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е криминал

Сподели

 

Демократскиот сојуз смета дека спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е тежок криминал и за тоа мора да се понесе одговорност.

Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година.

Дилемата е дали министрите од СДСМ биле изманипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават, реагираат од Демократскиот сојуз.

Како и да е, одлуката е во корист на инвеститорот, но поради отпорот на жителите од Иловица и пошироко, СДСМ ретерира и се обидува да се извлече од овој скандал и криминал.

По седум години на власт, да не се направи ништо за поништување на концесијата, тука да се развлекува и на крај да се спојат концесиите, само ја потврдува констатацијата дека Владата е во лимбо и без кормилар.

Инаку, крајот на овој скандал ќе го платат граѓаните или со здравјето или со парите кои тешко ги заработуваат, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.