Вести Македонија Став Ударни вести

ДС: Владата да субвенционира за ел.енергија и да даде поддршка на сиромашните

Сподели:

 

Демократскиот сојуз предлага, Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за субвенционирање на поскапувањето на електричната енергија за 90% за граѓаните и компаниите или разликата во цената компаниите да ја плаќаат пет години по престанување на енергетската криза. 

Воедно предлагаме, социјален пакет за семејствата со ниски приходи, се со цел да можат да се прехранат во услови на енормно зголемување на цените на основните прехрамбени производи,енергија и услуги.

Еден од приоритетите за кој треба да расправа Парламентот е и тешката економска и енергетска криза во земјата и справување со последиците, како и спроведување на законските обврски од граѓаните и компаниите кои не плаќаат електрична енергија,данок на промет,данок на додадена вредност итн, се наведува во соопштението на ДС.

Сподели: