ДУИ: Албанската опозиција работеше деноноќно против договорот

Сподели

 

На Албанците од северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители наинституции во Албанија и во Косово.
Овие узурпатори на албанската опозициска сцена не ги претставуваат албанските граѓани, ниту нивните гласачи кои се дистанцираат од овие скандалозни ставови на узурпирачките лидери на опозициските партии.
Единствената цел на нивното недостоинствено однесување е да избегнат одговорност за сите порази и неуспеси и да продолжат со узурпацијата на нивните партии и албанската опозициска сцена.
Ќе Продолжете да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја.
Ве поканивме да ни се придружите, не за да не поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од северна Македонија.
Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или
простат ова недостоинствено, деструктивно и срамно однесување.
Г-н Али Ахмети и ДУИ ветија дека ќе продолжат да работат за достоинствена опозиција затоа што на Албанците им треба способен, достоинствен, визионерски и конструктивен претставник, а не обични узурпатори и сериски губитници, се наведува во соопштението на ДУИ.