Вести Македонија Став Ударни вести

ДУИ им го честита на учениците почетокот на учебната година

Сподели:

 

Демократската Унија за Интеграција по повод почетокот на новата учебна година, упатува честитки до сите наставници, ученици како и родителите, посакувајќи им добар, успешен и плоден училиштен почеток.
 
ДУИ го поздравува враќањето на учениците во училиштата по речиси една година отсуство како резултат на пандемијата со вирусот Ковид 19.
 
Апелираме за претпазливост и почитување на здравствените протоколи кои се усвоени од компетентните органи со цел да се зачува здравјето на сите наши граѓани.
 
Образовната инфраструктура и квалитетот на образованието остануваат наши тековни приоритети и затоа инвестираме во нови училишни објекти и реновирање на постојните капацитети за да овозможиме оптимални услови за учениците и наставниците.
 
Сите ние во Демократската Унија за Интеграција им посакуваме здравје и многу успеси на оние кои денес за прв пат седат во училишните клупи, и во оваа прилика почнуваат една нова етапа од својот живот.
 
Сподели: