ДУИ лаже и покажува дека е во паника

Сподели

ДУИ собрале вработени во јавните претпријатија во Скопје, каде тие се власт заедно со Данела Арсовска и Левица, и ги претставуваат за членови на ДУИ.
Директорите од ДУИ на неколку јавни претпријатија од Скопје, донеле членови од ДУИ, вработени преку ДУИ и денес уценети од ДУИ, да ги претставуваат дека се нови членови на ДУИ.
Жална претстава за врвот на партијата на црните листи. Уценуваат свои членови за да имаат Бујар Османи и Блерим Беџети со кого да се сликаат.

Апелираме до чесните членови на ДУИ, да не се плашат и да си го зачуваат достоинството.
Локалните избори ќе се случат за неколку месеци, а на тие избори во Скопје, во Чаир, Сарај, а и во цела Македонија ДУИ ќе биде поразена.

Да кажеме јасно, овој театар денес е осмислен и организиран од Блерим Беџети и Бујар Османи, а спроведен од директрите на Данела, ДУИ и Левица во град Скопје. Штом се смени локалната власт ќе има последици и одговорност за директорите.

Денешниот театар на целото раководство на ДУИ е доказ дека таа партија не знае да функционира кога е на власт, се наведува во соопштението на ВЛЕН.