Вести Свет Ударни вести

САД со препорака до своите граѓани да ја напуштат Украина

Сподели:

 

САД синоќа им нареди на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да се вратат дома поради континуираната закана од руска воена акција.

„Граѓаните на САД во Украина треба да размислат за заминување без одлагање, користејќи ги можностите за комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, соопшти Стејт департментот во информациите за патување.

Амбасадата на САД во Украина објави дека се консултирала со украинската Влада за овој потег и оти ги координира чекорите со сојузниците и партнерските амбасади во Киев за да се утврди нивниот став.

„Русија може да изврши воена акција во секое време и американската Влада нема да биде во позиција да ги евакуира американските граѓани во таква криза, затоа тие мора да се подготват“, се вели во соопштението на Амбасадата.

Стејт департментот ги советува граѓаните на САД да не патуваат во Украина „поради зголемената закана од руска воена акција и Ковид 19“. „Бидете на зголемена готовност во Украина поради криминал и немири. Ризикот е зголемен во одредени области“, се вели во соопштението.

 

Сподели: