ДУИ: На 8 мај на Мицкоски и неговите гласноговорници ќе им се покаже кај им е местото

Сподели

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изразува длабока загриженост за срозување на нивото на речникот во предизборната кампања од страна на лидерите, кои треба да бидат пример за демократска и европска кампања.

Последно, Мицкоски во Крушево изјави дека „неговата задача и цел е да ги испрати Али Ахмет и ДУИ во политичка пензија“.

Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски гласноговорници дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт.

Од денот на основањето на ДУИ, г-дин Али Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, г-дин Али Ахмети.

Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети.

Така, граѓаните на 24 април и 8 мај ќе ја заверат победата на ДУИ и Европскиот фронт, покажувајќи им уште еднаш каде им е местото на Мицкоски, ВМРО, како и на албанската опозиција веќе престроена со центрите на Кремљин.

ИЗБОРИ 2024, ДУИ