Пратеници на Собранието на РС Македонија денеска во парламентарна процедура поднесоа Предлог-резолуција за почитување на стандардите на правично судење во меѓународното судење која се води против поранешни носители на државни институции на Република Косово, информираат од ДУИ.
Оваа резолуција се заснова на уставните начела и на меѓународните правни стандарди, реафирмирајќи ја посветеноста кон владеење на правото, независно судство и целосно почитување на основните човекови права, како што се утврдени во Европската конвенција за човекови права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Универзалната декларација за човекови права.
Преку оваа парламентарна иницијатива се бара судските постапки што се водат пред Специјализираните совети на Косово да се спроведуваат во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, гарантирајќи ја презумпцијата на невиност, правото на одбрана и судењето во разумен рок за сите обвинети.
Резолуцијата, меѓу другото, го нагласува придонесот на институционалните водачи и припадниците на ослободителната борба на Косово во миротворниот процес, стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот, нагласувајќи дека меѓународната правда треба да биде непристрасна, професионална и независна од какво било политичко влијание.
Пратениците- потписници ги повикуваат сите пратеници во Собранието, без разлика на политичката припадност, да ѝ се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат Резолуцијата со својот глас, во насока на зајакнување на универзалните принципи на правдата и доследно почитување на меѓународните стандарди за правично и непристрасно судење, информираат од ДУИ.


