Водата во Струга е забранета за пиење

Сподели:

Поради зголемената заматеност, водата на територијата на Општина Струга во моментов не е за пиење и се апелира граѓаните да не ја користат, информираат од ЈП Канализација Струга.

Според објавените мерења, на повеќе мерни места се регистрирани вредности над дозволената граница од 1,5 НТУ.

Општа Болница 1.8 НТУ, Макпетрол 1.64 НТУ, Градинка Сонце 1.62 НТУ, Извор Шум 0.89 НТУ, Завод за нефрологија 1.52 НТУ, с.Враништа 1.89 НТУ, с.Белица 1.42 НТУ.

Од ЈП Канализација Струга информираат дека водата може да се користи само за техничка употреба, а и денеска продолжува забраната за користење на водата за пиење. Поради изведување на работи за нормализирање на состојбата, притисокот на водата ќе биде намален.

Работните екипи на ЈП „Водовод и Канализација” – Струга, продолжуваат посветено со секојдневните активности за одржување и нормално функционирање на водоводната и канализационата мрежа.

Работните активности опфаќаат одржување на мрежата, санирање на настанатите дефекти, интервенции на терен, како и други активности со цел обезбедување поквалитетни и непрекинати услуги.

фото ЈП Водовод и Канализација Струга

Сподели: