Вести Македонија Став Ударни вести

ДУИ: Ситуацијата со вирусот КОВИД-19 бара одговорност од сите нас и почитување на мерките

 

Бројот на новозаразени со КОВИД-19 во Република Северна Македонија,
земјите од регионот и низ цела Европа во последните денови континуирано
расте во есенскиот бран на пандемијата.
 
Почитувањето на протоколите COVID-19, како што се носење маска,
одржување на дистанца и дезинфекција односно одржување на хигиената е
најефективната и најдобрата заштита за личното и јавното здравје.
 
Демократската Унија за Интеграција како сериозна партија им препорачува
на граѓаните да не дозволуваат нашиот здравствен систем да не може да
обезбеди грижа за сите кои имаат потреба, бидејќи нашите болници се веќе
полни.
 
Строгото придржување кон мерките, носењето маска, одржувањето на
дистанца и редовната дезинфекција односно хигиената воопшто, остануваат
најдобрите начини да се спречи колапсот на нашиот здравствен систем.
 
Веќе, Владата донесе нови мерки што ќе стапат во сила веднаш по
усвојувањето на законските измени во Собранието, овие мерки се во насока
на заштита на јавното здравје.
 
Состојбата со новиот бран на погодените од КОВИД-19 е исклучително
тешка, зависи од нас самите колку брзо ќе можеме да ја стабилизираме
оваа состојба што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет.
Овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето
на сите мерки и протоколи.
 
Со скриениот непријател COVID-19 мора да се бориме заедно и сите без
исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и
јавното здравје, да носиме маски, да одржуваме дистанца и да се грижиме
за редовна дезинфекција односно хигиената воопшто, – се наведува во соопштението на ДУИ.
 
Сподели: